• сабота, 07 септември 2024

Проектите во патната и железничката инфраструктура во фокусот на средбата на Зеколи-Шаќири со Челикаја

Проектите во патната и железничката инфраструктура во фокусот на средбата на Зеколи-Шаќири со Челикаја

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварила средба со помошник амбасодорот на Република Турција во земјава, Мухамед Челикаја на која информирала за силниот инвестициски циклус во инфраструктурата со посебен акцент на проектите во патната и железничката инфраструктура.

Исто така, како што се посочува во соопштението, на средбата се разговарало за добрата поврзаност со Република Турција во делот на авиосообраќајот и областа на меѓународниот патен сообраќај меѓу двете земји.

-Соработката меѓу двете земји е на одлично ниво и несомнено така треба и да продолжи во сите области кои се од заемен интерес. Имаме одлични релации во авиосообраќајот каде што согласно летниот ред на летање за 2024 година турскиот авиопревозник TURKISH AIRLINES оперира седум пати неделно (секој ден од неделата) на релација: Истанбул – Скопје, Скопје – Истанбул и во делот на патниот транспорт односно во делот превоз на стока. За 2024 година во патниот транспорт се разменети: 1300 дозволи за и од трети земји и 3150 дозволи за влез на празни камиони при билатерален превоз на стоки, а во делот превоз на патници воспоставени се осум автобуски линии за вршење на меѓународен линиски превоз на патници, за кои превозниците поседуваат важечки дозволи и истовремено се води постапка за издавање на дозвола за вршење на меѓународен линиски превоз на патници за две релации, истакнала Зеколи-Шаќири.

На средбата заменик министерката Зеколи – Шаќири се заблагодарила за силната поддршка на Република Турција, се посочува во соопштението. вг/дма/

Фото: Министерство за транспорт

Остани поврзан