Продолжуваат постапките за вработување во јавниот сектор согласно одлуката за укинување на „балансерот“
- Министерството за јавна администрација на Северна Македонија донесе одлука за продолжување на постапките за вработување во јавниот сектор, кои беа прекинати поради укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд. Од денот на објавување на одлуката на Уставен во „Службен весник“, новите постапки за вработување нема да ги вклучуваат укинатите одредби за национална припадност, додека започнатите постапки ќе се завршат според важечките прописи во времето на нивното започнување.
Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) – Министерството за јавна администрација на Северна Македонија донесе одлука за продолжување на постапките за вработување во јавниот сектор, кои беа прекинати поради укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд. Од денот на објавување на одлуката на Уставен во „Службен весник“, новите постапки за вработување нема да ги вклучуваат укинатите одредби за национална припадност, додека започнатите постапки ќе се завршат според важечките прописи во времето на нивното започнување.
Како што соопштуваат од МЈА, постапките за вработување во институциите од јавниот сектор кои беа времено прекинати поради Решението на Уставниот суд од 18.09.2024 година, продолжуваат и ќе се завршат согласно важечките прописи во времето на започнување на овие постапки.
Оттаму посочуваат дека од денот на објавувањето на Одлуката на Уставниот суд во „Службен весник“ од 14.10.2024 при започнување и спроведување на постапките за вработување не се применуваат одредбите укинати со самата одлука и тоа:
- Член 19 став (1) алинеја 1 во делот „припадност на заедница, од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 143/2019, 14/2020 и 302/2020).
- Член 36 став (1) алинеја 1 во делот и припадност на заедница" од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија" 6p.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 275/2019, 14/2020, 215/2021 и 99/2022).
- Член 2 став (1) алинеја 8 во делот припадност на заедницата/заедниците", член 2 ставови (2) и (3), член 3 став (1) алинеја 1 во делот „припадност на заедница" од Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавниот сектор бр. 12/1- 42/4 од 27.02.2015 година („Службен весник на Република Македонија" бр. 34/2015).
- Член 3 став 1 алинеја 8 од Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор, начинот на неговото водење, начинот на пристап, користење, обработка на податоците, како и начинот на обезбедување одговорност за веродостојноста и безбедноста на податоците бр. 14/2-2766/3 од 29.08.2014 година („Службен весник на Република Северна Македонија" 6p.132/2014).
- Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно начелото на соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината образецот на годишинот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување бр.0402-313/1 од 25.03.2016 година („Службен весник на Република Македонија" бр. 63/2016).
При распишување нови јавни огласи за вработување не се користат Годишни планови за вработување донесени заклучно со 18 септември годинава, освен делот што се однесува на распределбата на новите вработувања по припадност на заедници согласно „балансерот“. ар/бак/
Фото: МИА архива