• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Продолжуваат градежните активности на улицата „Неџат Аголи“ во општина Чаир

Продолжуваат градежните активности на улицата „Неџат Аголи“ во општина Чаир

Скопје, 8 април 2025 

На улицата „Неџат Аголи“ продолжуваат инфраструктурните работи со започнување на процесот на стругaње на асфалтот, по успешното поставување на новата фекална канализациона мрежа.

Оваа фаза е дел од подготовките за инсталација на новата водоводна мрежа, од која ќе имаат корист над 50 домаќинства од оваа населба. По завршување на подземните инсталации, ќе следи финалното асфалтирање на улицата.

Овој проект е дел од континуираните инвестиции што Општина Чаир ги реализира со цел модернизација на јавната инфраструктура и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Чаир секојдневно се менува – со конкретни проекти и одговорна институционална реализација.

Општина Чаир 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото:Општина Чаир  

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан