• вторник, 05 ноември 2024

Притворени двајца Авганистанци заради разбојништво

Притворени двајца Авганистанци заради разбојништво
Скопје, 16 септември 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против двајца Авганистанци, на возраст од 31 и 25 години, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво. Од Обвинителството информираат дека осомничените на место викано Чифлик, во атарот на село Табановце, со употреба на сила и сериозна закана одзеле од оштетениот, државјанин на Индија, подвижен предмет со намера противправно да го присвојат. -Осомничените телесно го повредиле оштетениот откако со сериозна закана и со употреба на нож и на тврд подесен предмет го удриле во пределот на главата. По ударот жртвата паднала на земја, по што двајцата осомничени му ги врзеле рацете и нозете и сериозно му се заканиле дека непосредно ќе нападнат врз неговиот живот и тело ако не им ги даде сите пари што ги има. Осомничените одзеле  440 евра, а потоа повторно почнале да го удират оштетениот и го присилиле да побара од неговиот брат да му испрати парични средства преку „Money Gram“ во износ од 2.300 евра за да биде ослободен, стои во соопштението. Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомничените. При што е предложената мерка притвор во времетраење од 30 дена за двајцата обвинети.свс/лв/

Остани поврзан