• сабота, 23 ноември 2024

Присвојувал средства од трансакциска сметка на починато лице

Присвојувал средства од трансакциска сметка на починато лице
Дебар, 6 февруари 2022 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Новак, општина Центар Жупа за фалсификување службена исправа. -Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување службена исправа“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д. Ј. (58) од селото Новак, општина Центар Жупа. Тој, во својство на вработен во подружницата на АД „Пошти“ во селото Голем Папрадник, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено извршил присвојување на парични средства, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид. Со ова казниво дело тој присвоил парични средства во вкупен износ од 220.000 денари. вт/аа/

Остани поврзан