Прилеп дел од регионалниот самит во Загреб
- Одржлив развој и паметни технологии, силна економска соработка меѓу градовите и дигитализација на општинските услуги се темите во фокусот на градоначалниците од регионот на Самитот на мрежата на балкански градови- Б40 што се одржува во Загреб, Република Хрватска. На самитот учествува и прилепскиот градоначалник, Дејан Проданоски.
Прилеп, 26 јануари 2026 (МИА) - Одржлив развој и паметни технологии, силна економска соработка меѓу градовите и дигитализација на општинските услуги, се темите во фокусот на градоначалниците од регионот на Самитот на мрежата на балкански градови- Б40 што се одржува во Загреб, Република Хрватска.
На самитот учествува и прилепскиот градоначалник, Дејан Проданоски.

-Денес, со делегација на општина Прилеп, учествувам на Самитот на мрежата на балкански градови – Б40 во Загреб, каде што заедно со градоначалници и претставници од Регионот разговараме за иднината на нашите градови и за улогата на локалната самоуправа како двигател на развојот. Во фокусот на нашето учество се решенија што носат реална промена во секојдневието на граѓаните: одржлив развој и паметни технологии, силна економска соработка меѓу градовите и дигитализација на општинските услуги. Ваквите средби не се само размена на идеи, туку и можност Прилеп јасно да го позиционираме како модерен, отворен и европски град, подготвен да учи, да соработува и да создава нови можности за своите граѓани, соопштува прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

Како што нагласува Проданоски, силни градови значат и силен Балкан.ем/лв/
фото: Локална самоуправа Прилеп