• четврток, 26 декември 2024

Прилепските пензионери на протест

Прилепските пензионери на протест

Прилеп, 9 октомври 2023 (МИА) - Прилепските пензионери денеска протестираа на излезот од Прилеп кај бензиската пумпа на Макпетрол, изразувајќи го незадоволството и од ставовите на Министерството за труд и социјална политика, воедно и на министерката Јованка Тренчевска, и од неприфаќањето за линеарно зголемување на пензиите.

-Револтирани сме, особено што може да се покачуваат платите на функционерите за 78 отсто, а нашето барање за линеарно покаќување било многу. Зошто не ги поделија линеарно овие 5,3 отсто, па сите да добијат исто. А не, оние со високи пензии по повеќе од 3000 денари, а ние по 600 денари, изјави пензионерот Крсте Бојоски.

Тој притоа повика да се слушне гласот на пензионерите, да се размисли и да се преземат мерки за подобар живот. 

- Во последен момент ни даваат 5,3 отсто зголемување, а претходно најавуваа повеќе од шест проценти. Се чувствуваме како да не третираат како невредни, рече пензионерката Наде Гаврилоска.

Пензионерите се револтирани од изјавите на министерката за труд и социјална политика дека за линеарно зголемување ќе се навредат дел пензионери. Нагласуваат дека не се откажуваат од протестите и ќе се обратат до амбасадите.

-Одиме до крај со протестите. Ќе се обратиме до странските амбасади и ќе бараме да не поддржат судентските здруженија, ече на протестот пензионерот Миле Велкоски. ем/дма/

Фото : МИА

Остани поврзан