• вторник, 05 ноември 2024

Приведен турски државјанин поради криумчарење      

Приведен турски државјанин поради криумчарење      

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - На наплатна станица Градско вчера во 05.00 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Е.О.(58) од Република Турција, соопштија денеска од МВР.

- При контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, кој го управувал, во багажниот простор биле пронајдени 20 пакети и 28 кутии различни производи, кои подлежат на царинска контрола, а за кои не поседувал никаква документација, се појаснува во соопштението.

Пронајденото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан