• среда, 26 јуни 2024

Приведен тетовец за издржување на две и пол годишна затворска казна

Приведен тетовец за издржување на две и пол годишна затворска казна

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - На улица „Илинденска“ во Тетово денеска околу 06.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 42-годишниот тетовец Џ.С..

Од МВР информираа дека тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години и шест месеци за извршени повеќе кражби и тешки кражби.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан