• четврток, 26 март 2026

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергенси, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат и имаме 3,5 проценти реален раст кога во Европа е околу еден отсто

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергенси, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат и имаме 3,5 проценти реален раст кога во Европа е околу еден отсто

Скопје, 26 март 2026 (МИА) - И во услови на епска, историски најголема криза со енергенси, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат, го плаќаме солидарниот данок и имаме 3,5 проценти реален раст кога во Европа е околу еден отсто. И покрај сите предизвици, се справуваме, и наместо коленичење, испраќаме порака на стабилност, сигурност и помагаме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Мицкоски напомена дека Министерството за финансии го консолидира буџетскиот дефицит од наследени нешто над 4,5 проценти од БДП.

Во контекст на капиталните инвестиции, премиерот потенцира дека од новиот државен обвинител очекува сите ревизорски извештаи што се однесуваат и на работата на ЈПДП и на Министерството за транспрот, први да бидат на дневен ред за да се види кој што правел. 

-Лани реалниот раст на БДП беше околу 3,5 отсто, а номиналниот над осум отсто. Ако на тоа се додаде растот на БДП во 2024 година од три проценти или номиналниот од над шест, тогаш можам да кажам дека овие шест квартали имаме просечен раст од околу 3,5 проиценти по квартал. Претходната влада во своите 28 квартали има просечен раст од два отсто. И првите шест квартали им се под два процента. Ако ги споредуваме со нашите, повторно разликата е 2:1, а бидејќи ги спомнуваат КОВИД-мерките, заборават дека во време на короната покрај тоа што направија брутален, епски поткуп на изборите во 2020-та и носеа уредби во пет до 12, го зголемија и државниот и јавниот долг за 10 отсто од БДП, повеќе од една милијарда евра фрлија во ветер, односно во поткуп. Овој раст, во овие шест квартали, од 3,5 отсто е во услови кога растот во Европа е едвај еден процент. Ако го споредуваме кој било период, и најуспешниот во 2006 - 2008 ќе видиме дека тогаш и растот во ЕУ бил толку, имало предуслови за тој раст, а сега ние имаме 3,5 реален раст во услови кога во Европа е околу 1 отсто, така што сето ова има тежина, објасни Мицкоски.

Министерството за финансии, повтори, го консолидира буџетскиот дефицит од наследени нешто над 4,5 проценти од БДП.

-Денеска сме со цел да бидеме 3,5 отсто, лани бевме под 4 проценти. И во услови кога го консолидираме дефицитот, имаме раст и реален и номинален, и покачуваме плати и имаме најсники цени на горивата во регионот и носиме директни фискални мерки, од буџетот субвенциораме диектно кај граѓаните. И ние би сакале да имаме 12 милијарди евра буџет. Во услови на епска, историски најголема криза со енергенси, растат платите, дефицитот се намалува, инфлацијата се намалува и го плаќаме солидраниот данок, од овој месец почна да се враќа солидарниот данок што го зема претходната влада. Како почнуваат да стигнуваат пресудите од Евроспкиот суд за човекови права, дополнителни трошоци ќе треба да се плаќаат од буџетот и таа бројка се проценува меѓу 700 милиони и една милијарда евра, пари што оваа Влада ќе треба да ги врати. Но, и покрај сето ова, во услови на криза, имаме најголем раст во регионот за 2025 година, а сега одиме и погоре, со реален раст поголем од буџетскиот дефицит, што значи дека сме ја консолидирале состојбата, подвлече премиерот Мицкоски. мч/вг/

фото: принт скрин

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан