• четврток, 26 март 2026

Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството, ја зголемивме капитацијата и започнуваме нови инфраструктурни проекти

Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството, ја зголемивме капитацијата и започнуваме нови инфраструктурни проекти

Скопје, 26 март 2026 (МИА) - Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите, истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој соопшти и дека по подолг временски период на позитивната листа се додадени нови лекови, а започнати се и постапки за сериозни инфраструктурни вложувања во здравството.

Мицкоски нагласи дека здравствениот буџет годинава изнесува речиси една милијарда евра и дека во него се пресметани зголемувањата на платите. Договорот за раст на примањата на здравствените работници останува во сила до 2028 година.

Тој оцени дека Владата затекнала лоша состојба во здравството, со бројни долгогодишни проблеми, погрешни политики и обврски кои претставувале дополнителен товар за јавните здравствени установи, особено Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

- Работиме на решавање на проблеми што со децении останале нерешени. Знам колку вложуваат министерот за здравство и директорот на Фондот, и уверен сум дека значителен дел од предизвиците веќе се решаваат, рече премиерот.

Мицкоски укажа и на случаи на злоупотреби при пријавување дежурства, каде поединци, како што рече, прикажувале непрекината работа и примале над 10.000 евра месечно.

Премиемиерот Мицкоски информираше дека се обезбедуваат средства за завршување на Клиничкиот центар во Штип, нов студентски дом и нова зграда на Медицинскиот факултет при УГД, болницата во Кичево и Клиничката болница во Тетово.

По реализирањето на овие проекти, фокусот ќе биде ставен на најголемиот капитален зафат - изградба на нов Клинички центар во Скопје. За локацијата, како што рече Мицкоски, се водат разговори со приватен сопственик. бк/вг/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан