• недела, 21 јули 2024

Приведен скопјанец во чиј дом е пронајдена дрога

Приведен скопјанец во чиј дом е пронајдена дрога

Скопје, 20 јули 2024 (МИА) - Четириесет и тригодишен скопјанец е приведен синоќа бидејќи во неговиот дом е пронајдена дрога. 

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека претресот е извршен со судска наредба при што се пронајдени  марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан