Приведен норвежанец на аеродромот во Скопје, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал
- Полицијата утрово во 1:30 часот на Меѓународен аеродром Скопје го привела А.С.(44) од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава дека во авионот во кој патувал од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Скопје, 8 јуни 2025 (МИА) - Полицијата утрово во 1:30 часот на Меѓународен аеродром Скопје го привела А.С.(44) од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава дека во авионот во кој патувал од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што информира МВР, при обид да биде извршен службен разговор со А.С, тој агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/мч/
Фото: МИА архива