• четврток, 16 мај 2024

Приведен криумчар, пронајдени 28 мигранти од Сирија

Приведен криумчар, пронајдени 28 мигранти од Сирија

Скопје, 9 септември 2023 (МИА) - На  автопатот А1, на наплатна рампа „Демир Капија“ во правец Гевгелија-Скопје, вчера во 19:00 часот полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за Гранични работи Југ го лишиле од слобода Р.К.(32) од Струмица.

Како што соопшти МВР, во товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија кои ги превезувал.

-За настанот е известен Јавен обвинител, а лицата мигранти се сместени во Центар за странци Гази Баба Скопје и ПТЦ Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка. Р.К. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ казниво по чл. 418 б од Кривичниот законик, соопшти МВР. дма/мч/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан