• четврток, 16 мај 2024

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

Скопје, 2 август 2023 (МИА) - МВР соопшти дека денеска во 05.00 часот во кратовското село Трновац, на местото викано Златановци, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(19) од велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 01.08.2023 во 20.30 часот на автопат Куманово-Табановце полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес мл 320“ со велешки регистарски ознаки, кое не застанало и кај место викано „Поповски рид“ пред селото Страцин излетало од коловозот, а возачот и мигрантите се дале во бегство.

По преземени мерки биле пронајдени 9 лица мигранти од Сирија, кои биле пренесени во Транзитниот центар „Табановце“, а по преземени дополнителни активности бил пронајден и Х.Д., кој со возилото ги превезувал мигрантите. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. мч/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан