• вторник, 08 октомври 2024

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници синоќа на локален пат во село Богородица, гевгелиско, го привеле Ј.М.(32) од Србија. Во возило „сааб“ со цол таблички, кое го управувал, биле пронајдени 11 мигранти од Сирија, соопшти МВР.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.са/

Фото: МВР фејсбук  

 

 

Остани поврзан