• четврток, 16 мај 2024

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени шест лица од Сирија   

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени шест лица од Сирија   

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - На автопатот А1, кај клучка Миравци, денеска околу 15 часот полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода А.А.(37) од Неготино затоа што во патничко возило "тојота авенсис" со скопски регистерски таблички превезувал шест лица од Сирија.

МВР соопшти дека е известен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан