• понеделник, 23 декември 2024

Приведен криумчар на мигранти за издржување на шестгодишна затворска казна

Приведен криумчар на мигранти за издржување на шестгодишна затворска казна

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка вчера го лишиле од слобода Ќ.Н.(36) од село Сингелиќ, скопско.

Како што соопштија денеска од МВР, тој  бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување затворска казна од шест години за сторени повеќе кривични дела ,,криумчарење мигранти".

Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан