• недела, 30 јуни 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Во кичевското село Горно Строгомиште синоќа во 19.30 часот полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле Х.Ф.(44) од истото село, соопштија денеска од МВР.

Тој бил баран со потерница врз основа на наредба од Основниот суд во Кичево за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психитропни супстанци прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Од МВР појаснуваат дека лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. цр/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан