• недела, 30 јуни 2024

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги денеска околу 13.20 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје го лишиле од слобода Е.К.(22) од Скопје.

Од МВР соопштија дека тој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор од две години, а во врска со член 236 од КЗ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. цр/са/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан