• недела, 22 декември 2024

Приведен крадец во Македонски Брод, украденото ќе биде вратено на сопственикот

Приведен крадец во Македонски Брод, украденото ќе биде вратено на сопственикот

Скопје, 25 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Македонски Брод, синоќа во  22:40 часот го лишиле од слобода А.Т.(33) од село Преглово поради основано сомнение за извршена тешка кражба  казниво по чл.236 од КЗ на РСМ.

Како што соопшти денеска МВР, тој извршил тешка кражба во куќа во село Преглово-Македонски Брод од каде одзел повеќе предмети. А.Т во целост го признал кривичното дело, а украдените предмети ќе бидат вратени на сопственикот. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан