• сабота, 26 октомври 2024

Приведен крадец во Куманово

Приведен крадец во Куманово

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово  синоќа во 20.45 часот, го лишиле од слобода Л.Ш.(25) од Куманово затоа што истиот ден на улица „Браќа Миладиновци“ во Куманово одзел чанта на Б.В.(79) од Куманово.

Како што информираат од МВР, Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. сст/ев/

фото МИА архива

Остани поврзан