• петок, 05 декември 2025

Приведен жител на Тимјаник, со 2,59 промили алкохол учествувал во сообраќајка

Приведен жител на Тимјаник, со 2,59 промили алкохол учествувал во сообраќајка

Неготино, 28 ноември 2025 (МИА) - Приведен бил жител на Тимјаник, со 2,59 промили алкохол учествувал во сообраќајка, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Вчера во 15:20 часот, на улица „Даме Груев“ во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода З.П., на возраст од 60 години од село Тимјаник, неготинско. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал З.П. со патничко возило „застава југо“ со неготински регистарски ознаки, било констатирано дека З.П. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,59 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР - Велес.

З.П. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што истакнаа, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. свд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан