• петок, 05 декември 2025

Приведен државјанин на Германија, марихуана пронајдена во возило што го управувал

Приведен државјанин на Германија, марихуана пронајдена во возило што го управувал

Скопје, 20 октомври 2025 (МИА) - Државјанин на Германија бил лишен од слобода во текот на вчерашниот ден, откако марихуана била пронајдена во возилото што го управувал, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 12:31 часот на граничен премин  „Табановце”, на влез во државата, полициски службеници гo лишија од слобода Р.Е.Р.Л., на возраст од 70 години, од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возило „фиат” - кампер со германска национална ознака, што го управувал, пронајдена и одземена е марихуана, појаснија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица.

- Во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од МВР. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан