• вторник, 02 јули 2024

Приведен дилер од Гостивар, пронајден хероин во неговото возило

Приведен дилер од Гостивар, пронајден хероин во неговото возило
Скопје, 29 април 2021 (МИА) - Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координирана акција со СВР Скопје – Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Тетово – ОВР Гостивар вчера е лишен од слобода С.Б.(58) од Гостивар. Од МВР денеска соопштија дека при преглед во неговото возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки бил пронајден и одземен хероин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/ац/

Остани поврзан