• сабота, 05 октомври 2024

Приведен дилер за доиздржување затворска казна од 14 месеци

Приведен дилер за доиздржување затворска казна од 14 месеци
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - Во тетовско Непроштено, денеска околу 11.20 часот полициски службеници на СВР Тетово го привеле 35-годишниот А.А. од тетовско Шемшово за доиздржување затворска казна од 14 месеци. Како што соопштија од МВР, А.А. е осуден за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик. По приведувањето, А.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје. цр/лв/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан