• вторник, 02 јули 2024

Приведен двокрадец во скопско

Приведен двокрадец во скопско

Скопје, 3 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници синоќа во селото Горно Количани привеле дрвокрадец од скопското село Драчевица.

Тој, заедно со уште едно лице кое е во бегство, во селото Батинци не застанале на знакот за запирање даден од полициските службеници по што совозачот почнал да фрла дрва од возилото. Притоа, еден од полициските службеници испукал предупредувачки куршум во воздух.   

- Возилото било сопрено во с.Горно Количани, по што совозачот го напуштил местото, а возачот Р.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Возилото и дрвата биле одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат денеска од МВР. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан