• недела, 22 декември 2024

Приведен битолчанец поради разбојништво, тешки кражби и загрозување на сигурност

Приведен битолчанец поради разбојништво, тешки кражби и загрозување на сигурност
Скопје, 1 октомври 2022 (МИА) – Крималистичката полиција при СВР Битола до ОЈО Битола  поднесе кривична пријава против Битолчанец кој во периодот од март до септември оваа година извршил седум кривични дела од кои една разбојничка кражба, четири кражби, една тешка кражба и едно загрозување на сигурноста со опасно орудие, сите на подрачјето на Битола, при што влегувал во куќи и станови и одземал пари, златен накит и други предмети со што се стекнувал со противправна имотна корист. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи лицето М.А.(32) последното кривично дело го извршил на 27.09.2022  во Битола, каде заедно со друго лице со цел да прибават противправна имотна корист сториле кривично дело „Разбојничка кражба“  во берберница, при што одзеле пари од касата и физички го нападнале сопственикот. Од собраните материјални докази и извршените оперативни проверки и извршени разговори со пријавителите и сведоците, како и извршено препознавање од нив, М. А. е лишен од слобода, приведен во полициска станица Битола, при што истиот дел од кривичните дела ги признал во целост.свс/вј/

Остани поврзан