• понеделник, 23 декември 2024

Приведен битолчанец за изнуда, одреден му е притвор од 30 дена

Приведен битолчанец за изнуда, одреден му е притвор од 30 дена

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Приведен е 29-годишен битолчанец кој се сомничи дека во повеќе наврати преку социјална мрежа и се заканувал на 49-годишна жена и на нејзиното семејство и изнудил околу 400.000 денари. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 29-годишниот Н.Д. бил затекнат при примање пари од жената кои биле пронајдени и одземени.

Со наредба од Основниот суд Битола, извршен е претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, различни видови патрони за ловечка пушка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.

Осомничениот е приведен во полициска станица и против него по брза постапка е поднесена кривична пријава по член 258 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан