Приведено лице од Октиси за издржување двегодишна казна затвор
- Полициски службеници од Полициското одделение во струшкото село Велешта го лишиле од слобода М.Д.(48) од селото Октиси, соопшти МВР.
Скопје, 3 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение во струшкото село Велешта го лишиле од слобода М.Д. (48) од селото Октиси, соопшти МВР.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основниот суд - Струга за издржување затворска казна од две години.
Според МВР, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната. мч/сп/