• сабота, 05 октомври 2024

Приведено лице во Радовиш за доиздржување затворска казна

Приведено лице во Радовиш за доиздржување затворска казна
Скопје, 8 февруари 2023 (МИА) - Во Радовиш синоќа во 20.35 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го привеле Ф.Ш.(38) од село Зрновци.
 
Како што денеска информираа од МВР, тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување затворска казна во времетраење од една година и седум месеци за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „фалсификување исправа“.
 
Лицето било предадено во установата за доиздржување на казната. цр/са/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан