• понеделник, 23 декември 2024

Приведено лице барано со потерница за затворска казна од две години и два месеца

Приведено лице барано со потерница за затворска казна од две години и два месеца
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - МВР информира дека денеска, во 15.20 часот,  на улица „Нов живот" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при скопското СВР ја лишиле од слобода скопјанката Ш.М.(28).
-Таа била  барана по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години и два месеци за сторено кривично дело „тешка кражба" по член 236 од Кривичниот законик, соопштуваат од полицијата.
Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната. ир/лв/

Остани поврзан