Приведени кумановци, се однесувале агресивно кон полициски службеник и оштетиле полициско возило
- Двајца кумановци агресивно се однесувале кон полициски службеник и оштетиле полициско возило, соопштија денеска од СВР Куманово.
![Приведени кумановци, се однесувале агресивно кон полициски службеник и оштетиле полициско возило](https://new.mia.mk/images/20221113221400_big_730x400_70.webp )
Куманово, 14 септември 2022 (МИА) - Двајца кумановци агресивно се однесувале кон полициски службеник и оштетиле полициско возило, соопштија денеска од СВР Куманово.
- Вчера, полициските службеници од СВР Куманово ги привеле и извршиле службен разговор со И.Р.(45) и С.Р.(48), двајцата од Куманово. Во 08:40 часот на улица „11 Октомври“ во Куманово И.Р. се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека С.Р. оштетил службено полициско возило, појаснуваат од полицијата.
По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. ам/цр