• петок, 22 ноември 2024

Приведени крадци во Гостивар

Приведени крадци во Гостивар

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гостивар, синоќа во 21 часот на улица „18 Ноември" во Гостивар ги лишиле од слобода И.Х.(56) и И.З.(28), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение дека во текот на изминатите два месеци извршиле кражби во гостиварско.

Како што соопшти денеска МВР, тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. дма/

Фото: МИА архива
 


 

 

Остани поврзан