• петок, 05 јули 2024

Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога

Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Во Штип синоќа во 21.00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.П.(36) и К.П.(32), двајцата од Штип.

Како што денеска информираа од МВР, при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок. цр/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан