• понеделник, 13 мај 2024

Приведени двајца струмичани за купопродажба на кокаин

Приведени двајца струмичани за купопродажба на кокаин

Скопје, 16 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица, синоќа во 23.20 часот  ги лишиле од слобода струмичаните Н.М. и А.Ч., на возраст од 35 и 28 години. Тие биле затекнати при купопродажба на наркотична дрога, при што кај А.Ч. бил пронајден и одземен кокаин, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.М. и биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, две дробилки, две дигитални ваги, пари и други предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, појаснуваат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан