• понеделник, 23 декември 2024

Приведени двајца криминалци барани со потерници

Приведени двајца криминалци барани со потерници
Скопје, 6 јануари 2022 (МИА) - Во село Маково, општина Новаци, денеска во 03.00 часот полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода Т.Т.(38) од село Маково. Тој бил баран по потерница од Казнено-поправната установа Затвор Битола за доиздржување затворска казна. Како што соопштија од МВР денеска, тој бил предаден во Казнено-поправната устаноца Затвор Битола за доиздржување на казната затвор. - На 05.01.2022 во 14.20 часот во село Слатино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода М.Љ.(47) од с.Слатино. Тој бил баран по потерница од Основен суд Тетово за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, стои во соопштението. Во Радовиш синоќа во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле А.А.(23) од Радовиш. И тој бил баран со потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. цр/      

Остани поврзан