• понеделник, 23 декември 2024

Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела

Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар по преземени мерки и по распишана телеграма вчера лишиле од слобода еден малолетник од Скопје и еден малолетник од Струмица, сместен во установа за згрижување деца во Козле.

Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека во периодот од 4 до 26 септември извршиле неколку кривични дела „тешка кражба“ на подрачје на Карпош.

Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници признале три кривични дела, и тоа на 4 септември на ул.„Никола Парапунов“ извршиле тешка кражба во правен субјект, на 26 септември извршиле тешка кражба во пекарница, а одзеле и два велосипеда, сопственост на едно лице.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ЕВР Карпош ќе поднесе соодветна пријава. дма/цр

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан