Приведени двајца крадци во Гостивар
- Полицијата вчера попладне ги лишила од слобода Х.И.(56) и А.К.(43), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение дека се извршители на кражба пријавена од Н.И.(43) од гостиварското село Добри Дол.
Скопје, 22 септември 2024 (МИА) - Полицијата вчера попладне ги лишила од слобода Х.И.(56) и А.К.(43), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение дека се извршители на кражба пријавена од Н.И.(43) од гостиварското село Добри Дол.
Како што информира МВР, биле украдени повеќе предмети, кои се пронајдени и вратени на сопственикот.
Х.И. и А.К. биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок. мд/аа/
Фото: МИА архива