• понеделник, 23 декември 2024

Приведени двајца дрвокрадци во Ресенско

Приведени двајца дрвокрадци во Ресенско
Скопје, 2 октомври 2022 (МИА) -  Двајца жители на ресенското село Арвати, 36-годишен И.К. и 69-годишен И.М., во петокот во реонот на Полициска станица Маркова Нога биле уапсени поради основано сомнение дека вршеле нелегална сеча на дрва во близина на селото Арвати. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при нивното приведување биле запленети дрва и две моторни пили. Од слобода ги лишиле полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со Шумска полиција од Ресен. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. хс/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан