• недела, 30 јуни 2024

Приведени двајца дилери при претрес во Делчево

Приведени двајца дилери при претрес во Делчево

Скопје, 22 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Делчево ги лишиле од слобода М.К.(19) и еден малолетник, двајцата од Делчево, откако при претрес во нивните домови била пронајдена  кафеава материја, дигитални ваги и други предмети.

-Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови. Притоа, во домот на М.К. биле пронајдени и одземени кафеава материја и предмети со остатоци од кафеава материја. Додека, во домот на малолетникот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со кафеава материја, две дигитални ваги и други предмети, соопшти денеска МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан