• недела, 30 јуни 2024

Приведена крадачка од Скопје

Приведена крадачка од Скопје
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници вчера ја привеле Џ.И.(21) од Скопје. Таа се сомничи дека истиот ден, заедно со уште едно лице, со употреба на погоден предмет влегле во куќа во населбата Маџир Маало и одзеле разни предмети, меѓу кои и гасен пиштол и куршуми, соопшти МВР. Со неа е извршен службен разговор, при што го признала делото. Кај неа се пронајдени и одземени предметите поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава./

Остани поврзан