• понеделник, 23 декември 2024

Претставници на ОБСЕ дел од работилницата на Локалниот совет за превенција во Берово

Претставници на ОБСЕ дел од работилницата на Локалниот совет за превенција во Берово

Берово, 1 март 2023 (МИА) - Општина Берово е една од ретките општини во државата каде  успешно функционира Локалниот Совет за превенција, кој делува во насока на подобрување на квалитетот на живот во заедницата, со вмрежување на сите клучни субјекти. Ова е главниот заклучок по одржаната работилница во рамки на 4-тата седница на Локалниот совет за превенција на која присуствуваа претставници на одделот за развој на полицијата во ОБСЕ.

- Со присуство на претставници од Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ, денеска во Берово, ја одржавме 4-тата седница на Локалниот совет за превенција. На средбата присутни беа претставници од Одделот за развој на полицијата во ОБСЕ со кои се разговараше за веќе реализираните активности и се сумираа заклучоци, со насоки за преземање на следни активности. Претставниците од ОБСЕ, споделија свои искуства и позитивни практики, како и совети за јакнење на капацитетите на ЛСП, како важен сегмент во делот на превенција , истакнаа од Општината.

Локалниот совет за превенција како што додадоа има за цел зајакнување на полициската ефикасност, унапредување на безбедноста во заедницата и подигнување на нивото на сигурност на граѓаните.

- Целта на Локалниот Совет за превенција кој беше контитуиран кон крајот на минатата година, се состои во изградба на заеднички препораки за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на Општина Берово, како и градење на доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата, додадоа од Општината.

Локалниот Совет за превенција како што додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски е една од најпрепознатливите алатки за развивање и градење на концептот полициско работење во заедницата, особено во локалната самоуправа и според него  значително помага за градење доверба и за подобрување на партнерството помеѓу институциите, локалната самоуправа и граѓаните. вс/сп/

Фото: Фејсбук на Општина Берово

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан