• сабота, 11 мај 2024

Претставниците на Фондацијата Ромите за демократија на средба со ДИК

Претставниците на Фондацијата Ромите за демократија на средба со ДИК

2 мај 2024

Државната изборна комисија денес ги прими на средба претставниците на Фондацијата Ромите за демократија – Скопје кои протестираа поради попречување во исполнувањето на нивните права како акредитирани набљудувачи на ДИК, на првиот круг од Претседателските избори што се одржа на 24 април 2024.

На средбата претставниците на Фондацијата ги образложија ситуациите со кои се соочиле на денот на изборите а кои се однесуваат на попречување на нивната работа како набљудувачи од страна на избирачките одбори на неколку места низ државата. Присутните претставници на фондацијата укажаа на несоодветни постапки и барања од страна на неколку избирачки одбори во Куманово, Кичево, Струмица, Шуто Оризари и Виница.

Во таа насока, членовите на Државната изборна комисија информираа дека ќе упатат насоки со укажувања до Општинските изборни комисии на Куманово, Кичево, Струмица, Шуто Оризари и Виница и по разгледување на конкретните ситуации ќе се преземат и конкретни мерки кон членовите на Општинските изборни комисии и избирачките одбори. По укажувањата за несоодветно постапување на членови на избирачки одбори во наведените места, членовите на Државната изборна комисија ги прифатија забелешките и преземаа обврска за понатамошно делување во однос на решавање на овие случаи како и обврска да се превенираат исти или слични вакви ситуации за вториот круг на претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај.

„ Вие како и сите други акредитирани набљудувачи од страна на Државната изборна комисија, неспорно е дека имате право на непречано извршување на вашата обврска согласно законските и подзаконски акти кои се однесуваат на остварување на набљудувачката дејност на денот на изборите. Во таа насока, Државната изборна комисија, веднаш ќе преземе мерки за да се превенираат евентуални попречувања и на 8 мај а ќе се разгледаат конкретните примери и соодветно ќе се постапи по однос на истите. Легитимноста и транспарентноста на изборниот процес не смее да бидат нарушени ниту да се доведат во прашање заради изолирни случаи. Поради тоа Државната изборна комсија презема обврска во дадените случаи да постапи соодветно на законските надлежности и да спречи било каков обид во иднина за евентуално нарушување на законитоста и транспарентноста на процесот.“- истакна претседателот Даштевски.

ДИК апелира до сите изборни органи доследно да ги почитуваат правилата за набљудување на изборите од страна на акредитираните набљудувачи и истите да постапуваат соодветно на Изборниот закон и подзаконските акти донесени од ДИК.

Државна изборна комисија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан