• петок, 22 ноември 2024

Претседателството на СКРМ оствари средба со министерот Љутков

Претседателството на СКРМ оствари средба со министерот Љутков

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Претседателството на Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ) денеска оствари средба со министерот за култура Зоран Љутков, на која меѓу другото, се разговараше за нов Закон за култура, за колективниот договор, но и за унапредувањето на културата.

Од Синдикатот на својот Фејсбук профил соопштија дека замолиле да се разгледа ситуацијата со трансформацијата на 160 вработени на определено време во неопределено, преку измената на постоечкиот закон за култура.

-На средбата, СКРМ го запозна министерот со дел од проблемите со кои се соочуваат вработените во културата. Се разговараше за нов Закон за култура, почитувањето на Колективниот договор за култура, за унапредувањата во културата, исплатата на стручните звања во заштитата, исплатата на додатоците на плата согласно колективните договори, регулирањето на работното време во изведувачите институции, за доцнењето на платите во локалните институции и многу други прашања поврзани со функционирањето на институциите од културата.

-Заклучивме дека сите заедно не чека многу работа и договоривме работен состанок во блиска иднина каде детално ќе работиме на решавањето на проблемите во културата, објавија од Синдикатот на Фејсбук. бт/нд/

Фото: МИА aрхива

 

Остани поврзан