• понеделник, 01 јули 2024

Претседателот Пендаровски се сретна со Килиан Вал, новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Претседателот Пендаровски се сретна со Килиан Вал, новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Килиан Вал, нов шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата се разговараше за севкупните активности на организацијата во Република Северна Македонија, актуелните случувања во државата, текот на евроинтеграциските процеси, како и за идните планови во мандатот на амбасадорот Вал, соопшти кабинетот на шефот на државата.

 Пендаровски изрази очекување за продолжување на успешната соработка со мисијата, во пресрет на претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, истакнувајќи ја подготвеноста на државата да даде придонес во промовирањето на вредностите на огранизацијата, во време на предизвици за европскиот контитент.

 Претседателот Пендаровски на амбасадорот Вал му посака успешно извршување на функцијата.са/дма/ 

Остани поврзан