• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Хондурас хоспитализиран поради Ковид-19

Претседателот на Хондурас хоспитализиран поради Ковид-19
Тегицигалпа, 18 јуни 2020 (МИА) - Претседателот на Хондурас Хуан Орландо Хернандез, кој неодамна објави дека е заразен со вирусот Ковид-19, е хоспитализиран поради пневмонија. Портпаролот на Хернандез изјави дека претседателот се чувствува добро и дека е примен во болница бидејќи прима интравенска терапија. Хернандез пред два дена објави дека за време на викендот не се чувствувал добро, поради што се тестирал, а резултатите се позитивни. Тогаш најави и дека ќе работи од дома. Меѓутоа, синоќа е хоспитализиран затоа што лекарите процениле дека е подобро да биде во болница. Од Ковид-19 е заразена и неговата сопруга, која има асимптоматски облик на болеста. Како што пренесуваат странските агенции, Хернандес ја поддржува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. паг/

Остани поврзан