• понеделник, 18 ноември 2024

Претседателот на ТХП Енес Ибрахим на средба со мандатарот Димитар Ковачевски

Претседателот на ТХП Енес Ибрахим на средба со мандатарот Димитар Ковачевски
Скопје, 5 јануари 2022 (МИА) - Партијата за движење на Турците - ТХП очекува новата Влада да го продолжи и зацврсти концептот на едно општество и да ја интензивира имплементацијата на Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам, соопшти попладнево ТХП по средбата на претседателот на партијата Енес Ибрахим со претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада Димитар Ковачевски. На средбата Ибрахим и партискиот генерален секретар Илхан Рахман упатиле честитки за новата функција на Ковачевски и на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, посакувајќи им успех.
Од ТХП очекуваат дека новата влада ќе најде соодветен изборен модел којшто ќе овозможи правично и фер претставување на помалку бројните заедници во Собранието на Република Северна Македонија.
-ТХП од новиот мандатар очекува да ја запази политичката и институционалната претставеност на Турците и да работи за подобрување на образованието и културните дејности на турски јазик, наведуваат од партијата. лв/вг/

Остани поврзан