Претседателот на Советот на Кавадарци ќе го донира паушалот од февруари за настраданите во Кочани
- Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, доктор Стојанче Рамов, ќе го донира паушалот од февруари месец за настраданите во дискотеката во Кочани.

Кавадарци, 21 март 2025 (МИА) - Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, доктор Стојанче Рамов, ќе го донира паушалот од февруари месец за настраданите во дискотеката во Кочани. За ова тој денеска информираше на неговиот фејсбук профил.
- Поминаа неколку денови од ужасната трагедија што ја потресе Македонија, Балканот и светот, во која животот го загубија 60 лица, меѓу кои и многу млади – млади луѓе кои требаше да се радуваат на животот и да ги уживаат неговите убавини. За миг, сè згасна. Со длабока тага и искрено сочувство кон родителите и семејствата на сите настрадани, во мое лично име – како татко, сопруг, доктор и претседател на Советот на Општина Кавадарци – сакам да соопштам дека одлучив својот паушал за месец февруари да го донирам за настраданите, кои ги чека долг, но сигурен пат до целосно заздравување, напиша Рамов.
На родителите кои ги изгубија своите чеда им изрази сочувство, а на повредените им посака што побрзо закрепнување. свд/
Фото: Фејсбук на Стојанче Рамов