• петок, 22 ноември 2024

Претседателот на Собранието Џафери на божиќно честитање кај архиепископот г.г. Стефан

Претседателот на Собранието Џафери на божиќно честитање кај архиепископот г.г. Стефан

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска традиционално беше во посета на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан, за да му ги честита божиќните празници и неговиот именден - празникот на Св. Првомаченик Стефан.

-Претседателот Џафери му посака на г.г. Стефан, како прв на православната верска заедница, добро здравје и благосостојба, успех, мудрост и верба во исполнувањето на високата духовна мисија, давајќи го својот придонес во градењето на сигурната иднина за младите генерации и за напредокот.  За време на средбата се сретна и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, како и со дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери. хс/нд/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија 

 

Остани поврзан